За Нас

Нашата Компанија

КУПИ ГУМИ ДОО Скопје е компанија која е основана во декември 2015 година како онлајн продавница за пневматици од светски познати брендови и оттогаш има опслужено голем број задоволни корисници, редефинирајќи го искуството на онлајн нарачување и купување на пневматици и фелни преку нашата веб страница www.kupigumi.mk.

Силен и сигурен партнер во сите услови на возење

Располагаме со најголема понуда на гуми во Македонија, со потрфолио кое опфаќа над 50 брендови на пневматици и со професионален и стручен тим, кој е секогаш тука да одговори на вашите барања.

Сите брендови кои КУПИ ГУМИ ДОО ги има во својата понуда сe внимателно одбрани со цел да ги задоволат потребите, желбите и куповната моќ на многу различни групи на купувачи. Нарачаните производи ги доставуваме во цела Македонија, до секој град и населено место. Доставата се врши во работните денови и сабота, во рок од 24-48 часа од потврдувањето на вашата нарачка.

Корисниците пред сè

Од самиот почеток, нашиот фокус е насочен кон вас – купувачите кои воедно сте наши најголеми и највредни партнери. За нас е привилегија вашата доверба и можноста да ви помогнеме да ги опремите вашите автомобили брзо, лесно и по најдостапни цени.  Овозможуваме бесплатна, брза и сигурна испорака на производите, гаранција за купените производи, одлична грижа на корисници, највисоки безбедносни стандарди при плаќање и заштита на лични податоци.

Во текот на целата седмица, можете да се поврзете со нашите продажни агенти и секогаш да ги добиете најрелевантните информации за производите што ги нудиме.

Нашиот успех

Секојдневно работиме за да ги исполниме желбите и потребите на нашите корисници и постојано да ги надминуваме вашите очекувања. Денес, покрај големата понуда на пневматици нудиме бесплатна достава, гаранција за купените производи и 50% попуст при монтажа во голем број на овластени сервиси на нашите партнери на целата територија на Република С.Македонија, со можност нарачаните пневматици да се испорачаат до одбраниот сервис за монтажа.