Општи услови за користење

Општи услови за користење

УСЛОВИ НА ПРОДАЖБА

Пред користење на нашите услуги, внимателно прочитајте ги следниве услови. Секоја посета на нашата интернет страница www.kupigumi.mk, значи дека овие услови сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со нив во целост. Доколку не ги прифаќате овие услови на користење, Ве молиме да не ја користите нашата интернет страница.

 

ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВЕЦОТ:

Друштво за услуги и трговија преку интернет КУПИГУМИ ДОО Скопје

Седиште: бул. Србија бр. 10, Општина Кисела Вода, Скопје

ЕДБ МК4058015522812 и ЕМБС 7074247

Телефон: +389 2 615 9890

 

Врз основа на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) КУПИГУМИ ДОО Скопје своите ценети потрошувачи кои купуваат роба преку интернет страната www.kupigumi.mk ги известува:

  • дека продажбата по пат на интернет страница kupigumi.mk се извршува во рамките на регистрирана дејност на КУПИ ГУМИ ДОО Скопје – 47.91 – Трговија на мало преку пошта и интернет. Адреса за пријавување на рекламација е: info@kupigumi.mk;
  • дека купувачи можат да бидат физички и правни лица;
  • дека основните обележја на производите можат да се најдат на интернет страницата kupigumi.mk;
  • дека согласно Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) купување преку наша продажна интернет страница kupigumi.mk се смета за продажба на далечина;
  • дека производите кои се продаваат на интернет страницата kupigumi.mk поседуваат својства потребни за редовна употреба на тој вид на производите во согласност со нивната намена која е дефинирана во Декларацијата;
  • дека продажна цена на производите е назначена на секој артикал;
  • дека сите цени за физички лица се изразени со пресметан ДДВ, додека за правни лица се изразени без пресметан ДДВ, кој се пресметува на крајот од процесот на купување;
  • дека минимален износ за порачување, за физички лица изнесува ——–,00 МКД (со ДДВ) односно за правни лица ———,00 МКД (со ДДВ);
  • купените производи ги испорачуваме најдоцна во рок од — часа по пат на курирска служба ————————, на начин како што е дефинирано со УСЛОВИТЕ ЗА ИСПОРАКА;
  • дека можноста за купување на производи со посебни ценовни погодности и/или со посебни продажни поттикнувања (акциска продажба), се извршува во согласност со условите кои се објавени на интернет страницата kupigumi.mk;
  • дека  купувач кој е физичко лице производите кои ги купува по пат на интернет страницата kupigumi.mk може да ги плати со платежни картички, додека  купувач кој е правно лице производите може да ги плати на профактура, која ја добива на крајот на процесот на  купување, а откако профактурата ќе биде платена, производите се испорачуваат на купувачот правно лице;
  • дека  купувачот при креирање на нарачката, со притискање на копчето ПОТВРДИ презема одговорност за плаќање на нарачаните производи;
  • дека соодветноста на производите од договорот ИСКЛУЧИВО се утврдува по својствата и намената на производите како што е тоа дефинирано на Декларацијата која им припаѓа;
  • дека интернет продавницата kupigumi.mk е должна да ги испорача производите кои се соодветни на договорот. Ако испорачаните производи не се соодветни на договорот, потрошувачот кој го известил продавачот за несоодветноста, има право да бара од продавачот да ја отстрани несоодветноста, без надомест, со поправка или замена, односно да бара намалување на цената или да го раскине договорот во поглед на тие производи. Сите трошоци кои се неопходни за производите да бидат соодветни со договорот, а посебно трошоци на работење, материјал, преземање и испорака, ги сноси интернет продавницатаwww.kupigumi.mk;
  • дека доколку во случај на прием на производите, ако  купувачот истите не сака да ги задржи, има право на откажување од договорот и поврат на средства во висина на платената купопродажна цена за предметните производи (со исклучок на членот 96 од Законот за заштита на потрошувачи), во рок од 14 дена на начин како што е тоа дефинирано со  ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ;
  • дека за производите кои се порачани по пат на интернет продавницата  купувачот има право да изјави рекламација на веќе користен производ, на начин кој е дефиниран за производите купени по пат на интернет продавница. Начин и постапка на изјавување можете да ја најдете на страната за рекламации.

 

УСЛОВИ НА ИСПОРАКА

Рок на испорака

После потврдата, нарачката влегува во статус на обработка. После обработка на нарачката, ќе бидете известени за статусот на истите по пат е-маил. Период на обработка на нарачката е најмногу — работни дена. За сите нарачки испратени во петок и за викенд, продавачот ќе Ве контактира на почетокот на идната недела.

Рокот на испорака е најдоцна во рок од — часа откако ќе добиете потврда дека нарачката е обработена. (ова секако може да се модифицира)

 

Превземање на порачката

Куририте на —————————- (екстерна фирма која врши достава на стоки за КУПИГУМИ ДОО Скопје), пратките ги доставува на адреса за испорака во период од 08:00-16:00h. Ве молиме да во тој период обезбедите на адресата да има лице кое може да ја превземе пратката. При превземање на пратката потребно е визуелно да го погледате пакетот и да утврдите дали постојат некои видни оштетувања. Доколку приметите дека транспортната кутија значајно е оштетена и се посомневате дека можеби производот е оштетен, одбијте прием на пратката и веднаш известете не на со повик на бројот ——————————– или по пат на емаил на info@kupigumi.mk. Доколку на пратката не постојат видливи оштетувања, превземете ја пратката и потпишете ја адресницата на курирот. Курирот секоја пратка пробува да ја достави два пати. Вообичаена пракса е, доколку курирот не Ве најде на адресата, да Ве побара на телефонскиот број кој го имате оставено при креирање на нарачката и да договори нов термин за испорака. Доколку и тогаш не Ве пронајде на адресата, пратката ќе ни се врати нам. По приемот на пратката, ќе Ве контактираме како би ја утврдиле причината за недоставување и ќе се договориме за повторно испраќање.

 

Цена на испорака

За правни лица, испораката на адреса за сите нарачки е бесплатна (или со наплата на надоместок). Минимален износ за нарачка е ———–,00 МКД (со ДДВ).

За физички лица, испораката на адреса за сите нарачки е бесплатна (или со наплата на надоместок). Минимален износ за нарачка е ———–,00 МКД (со ДДВ).

*Нaпомена: Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со услови на испорака.

 

РЕКЛАМАЦИИ

Рекламации на оштетување при транспорт

Многу е важно сите оштетувања во транспорт видливи на пакувањата на производот, веднаш да ги пријавете на курирот кој Ви ја испорачал робата. Секое оштетување при транспорт купувачот е должен да го пријави во рок од 24h од приемот на стоките.

Доколку воочите такво оштетување, немојте да потпишете прием на пратката или замолете го курирот да почека додека да проверите дали оштетувањето на пакувањето предизвикало и оштетување на самиот производ или губење на делови. Доколку производот не е оштетен, и сите делови се на број, потпишете прием на пратката.

 

Рекламација на податоци или погрешен вид на стока

Доколку сте ја примиле нарачката и после отварање на кутијата воочивте дека испорачаните производи не одговараат на нарачаната или податоците на фактурата не се соодветни, Ве молиме најдоцна во рок од 24h од моментот на приемот на пратката, да се јавите на еден од телефонските броеви ————————————–, или да испратите е-маил со свои податоци  (Назив на компанијата, име и презиме, телефон) на следниот е-маил: info@kupigumi.mk и опишете каков проблем имате, или преземете рекламационен лист од линкот на крајот на овој текст, пополнете го и со производите испратете го на нашата адреса. Во најкраток можен рок, ќе одговориме на потрошувачот на изјавената рекламација по електронски пат (е-маил) така што ќе го потврдиме приемот на рекламацијата, односно соопштиме број под кој е заведена Вашата рекламација во евиденција на примени рекламации и ќе Ве известиме за понатамошно постапување. Рок за одговор на рекламацијата е 8 дена, а за решавање на рекламацијата е 15 дена од моментот на пријава на истата.

 

ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ

Согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ, бр. (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) купување преку нашата продажна интернет страница www.kupigumi.mk се смета како продажба на далечина.

Kупувачот, кој се смета да потрошувач, има право да се  повлече од договорот во рок од 14 дена од денот кога му е предаден производот. При повлекување, купувачот може, но и не мора да ја наведе причина поради која се повлекува.

Образец/Изјава за  повлекување од договорот, произведува правно дејство од денот кога е испратена до КУПИГУМИ ДОО Скопје.

Образец/Изјава за повлекување можете да ја превземете тука.

Во случај на  повлекување од договорот, потрошувачот има право на поврат на парите. Поврат на парите на купувачот се врши по приемот на производот, и откако ќе се утврди дека производот е неоштетен и исправен.

Купувачот е должен производот да го врати без одолжување, а најкасно во рок од 14 дена од денот кога е испратен образецот за повлекување. По истекот на рокот од 14 дена од денот кога е извршена достава на производот, производот не може повеќе да се врати.

При враќање на производот задолжително е да се врати во исправна и неупотребувана состојба и оригинално пакување, при што мора да се приложи и фискална сметка, односно фактура-испратница која купувачот претходно ја има добиено со нарачката.

По приемот на производот, се утврдува дали производот е исправен и неоштетен. Купувачот одговара за неисправност или оштетување на производот кои се резултат на неадекватно ракување со производот, односно купувачот е исклучително одговорен за намалена вредност на производот која настанува како последица на ракувањето на начин кој не е адекватен, односно го преминува она што е потребно за да се утврди неговата природа, карактеристики и функционалност. Доколку се утврди дека настапила неисправност или оштетување на производот по вина на купувачот, ќе се одбие поврат на средствата и производот ќе му биде вратен на негов трошок.

Трговецот е должен на купувачот без одолжување да го врати износот кој потрошувачот го платил по основ на договорот, а најдоцна во рок од 14 дена од денот на приемот на изјавата за откажување, а после прием на производот.

Трошоци за враќање на произвдот и средствата ги сноси купувачот, освен во случаи кога купувачот добива неисправен или погрешен артикал.

 

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Контактирајте не со повик на телефон ——————————– или на е-маил адреса info@kupigumi.mk и испратете информација за бројот на Вашата фактура/испратница, број на денарска сметка и назив на банка во која имате наведената сметка. Враќање на средства се врши исклучиво со уплата на денарски сметки и не е можно да се праќаат по курир во готово.

Во случај на поврат на стока или поврат на средства на купувачот кој претходно извршил плаќање со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без оглед на причина за враќање, КУПИГУМИ ДОО Скопје има обврска повратот да го изврши по пат на VISA, MC и Maestro метод на плаќање. Тоа значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средства на сметката на корисникот на картичката.

 

ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКИ

Својата порачка можете да ја платите користејќи Visa, Visa Electron, MasterCard или  Maestro платежна картичка. Картичката мора да биде одобрена од страна на банката издавач за онлајн (Интернет) плаќање. При онлајн нарачувања, со избирање на соодветен начин на плаќање ќе бидете преусмерени на страна на ———— банка АД Скопје која е заштитена и сигурна за ваков начин на плаќање.

На оваа страница е потребно да ги внесете следниве податоци:

  • број на картица;
  • датум на истекување;
  • CVC2/CVV2 код, кои можете да ги прочитате од Вашата картичка;

При внесување на податоци за платежна картичка, доверливи информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена (криптувана) форма со употреба на SSL протокол и  PKI систем, како моментално најсовремена криптографска технологија.

Сигурност на податоци при купување, го гарантира процесорот на платежни картички, ——— банка АД Скопје, па така комплетен процес на плаќање се извршува на страницата на банката.

Ниту во еден момент податоци за платежната картичка не се достапни на нашиот систем. Внесување и проверка на податоци исклучиво се извршуваат помеѓу корисникот на картичка и ———- банка АД Скопје, а КУПИГУМИ ДОО Скопје нема увид во податоци кои се разменуваат.

Плаќање не е можно во странска валута, туку исклучиво во валута МКД.  Плаќање е можно со платежни картички на домашни и странски банки.

Купувачот кој користи услуга онлајн на плаќање со картици преку сајтот www.kupigumi.mk мора да ги исполнува следниве услови:

  • испорака на стока е можна само на територија на Република Северна Македонија, на адреса наведена во нарачката;
  • само сопственикот на платежната картичка може да изврши плаќање.

Ви посакуваме успешно купување!

Со почит,

КУПИГУМИ ДОО Скопје

Превземете го рекламационен лист тука.