Рекламација на производи

Рекламација и Гаранција на Производи

Купувачот може да му побара рекламација на продавачот поради остварувања на своите права во однос на отстранување на несоодветни производи врз основа на датумот на гаранција, како и поради погрешно пресметани цени или други недостатоци.

Купувачот може да изјави рекламација усно во седиштето на продавачот, преку телефон, преку електронски или писмен пат со достава на сметката на увид или приложување на некој друг доказ за извршеното купување (копија од сметката, договор и сл.)

Продавачот е обврзан да води евиденција на примените рекламации и да ги чува најмалку две години од денот на поднесување на рекламацијата на купувачот. Продавачот има обврска да му издаде писмена, електронска или смс потврда на купувачот со што ќе го потврди приемот на рекламацијата, односно ќе го извести под кој број е заведена неговата рекламација во евиденцијата на примени рекламации.

Рокот за одговор на рекламација е 8 дена, додека рокот за решавање на рекламацијата е 15 дена од приемот на барањето на купувачот.

Доколку имате потреба од рекламација, обратете ни се на телефонскиот број (02) 2776 666, или на е-маил : info@kupigumi.mk, за да можеме да Ве упатиме во процедурата за покренување на рекламациска постапка.

Право на рекламација имаат сите купувачи, без разлика на тоа дали се физички или правни лица. За да се покрене постапка за рекламација, неопходно е купувачот да:

  • изјави рекламација и
  • да го достави производот на адресата што ќе му ја соопшти продавачот, како и да достави барање за рекламација
    со гарантниот лист и сметката или договор за продажба на далечина.

Рекламацијата ќе се смета за примена кога производот ќе стигне на адресата на магацинот и продавачот ќе ја прими уредно пополнетата документација што е погоре спомената и од тој момент почнува за тече рокот за одговор и решавање на рекламацијата.

Продавачот е обврзан да постапи во согласност со одлуката, предлогот и рокот за решавање на рекламацијата, доколку добил претходна согласност од купувачот. Доколку продавачот од објективни причини не е во можност да ги задоволи барањата на купувачот во договорениот рок, должен е да го извести купувачот за продолжување на рокот за решавање на рекламацијата и да го наведе рокот во кој ќе се реши, како и да добие негова согласност, при што има oбврска да ја евидентира во евиденцијата на примени рекламации.
Правото за продолжување на рокот за решавање на рекламација може да се оствари само еднаш.

Неможноста на купувачот да ја достави амбалажата на производот на продавачот не може да биде услов за решавање на рекламација, или причина за одбивање да се елиминира неусогласеноста.

Трошоците за превоз на стоките до магацинот во однос на барањето за рекламацијата ги сноси купувачот. Меѓутоа, доколку рекламацијата е прифатена, продавачот ќе му го рефундира овој трошок на купувачот.

Доколку рекламацијата биде прифатена, купувачот има право на:

  • замена на производот, или
  • прекинување на договорот и поврат на средствата.

Доколку рекламацијата е одбиена, стоките се враќаат на купувачот на негово барање и на негов трошок. Доколку купувачот, откако ќе биде известен од страна на продавачот дека рекламацијата не е прифатена, не се изјасни дека сака стоката да му биде вратена во рок од 14 дена од денот на приемот на известувањето, стоката после истекот на рокот се поништува.