Колку долго траат пневматиците?
Животниот век на пневматиците зависи од повеќе фактори. Можеби е малку фрустрирачки, но не постои дефинитивен временски период за нивното трање. Општо, се советува дека гумите траат околу 40.000km, но тоа не претставува никаква гаранција. Па така, голем дел од животниот век на гумата зависи од фактори кои или се под контрола на возачот или не се под ничија контрола.
Ајде да погледнеме што сè влијае на вашите гуми и што можете да преземете за тие да траат многу подолго.
Навиките за возење
Навиките за управување со возилото се комплетно ваша контрола, па така, каков тип на возач сте има големо влијание врз вашите гуми. Дали нагло ги фаќате кривините на патиштата или често слушате звук од „шкрипење” на гума? Дали доцна притискате на кочницата за да го запрете возилото? Ако сте тип на возач кој повеќе се стреми кон агресивен стил на возење, отколку помирен, тогаш почесто ќе ги заменувате вашите гуми отколку што е потребно.
Теренот по кој возите
Автопат или градски улици? Добро одржувани сообраќајници или селски патишта со дупки и истрошени рабови? Состојбата на патиштата по кои се движат вашите гуми се од големо значење за утврдување на нивниот животен век. Очигледно, некогаш и груба средба со работ или голема дупка на патот може да донесе ненадеен крај на животот на гумата. Но, не мора да значи дека само овие работи се штетни. Континуираната изложеност на груби површини може да ги ослабне страничните ѕидови на гумите и да ги истроши шарките за кратко време. Градските улици обично значат повеќе кочење и забрзување, што исто така може да предизвика трошење на гумите. Но, тоа не значи дека возењето на автопат ќе биде подобро, бидејќи и топлите температури кои се создаваат од поголемите брзини при возењето исто така можат да го намалат животниот век на вашите гуми.
Притисокот на гумите
Притисокот во гумите е многу важен. Првенствено заради безбедноста на истите, но и заради абење на шарите. Ако гумата е надуена, тогаш таа станува крута и тврда, претрпувајќи поголема штета кога се вози преку груби површини како дупки, ронливи рабови или ивици. Ако пак гумата е недоволно надуена, тогаш има повеќе гума која доаѓа во контакт со патот што доведува до побрзо абење и трошење на надворешните рабови. Обидете се секогаш да обратите внимание на притисокот во вашите гуми. Правилниот притисок за вашите гуми можете да го најдете во упатството на автомобилот или пак на вратата на возачот.
Усогласување на гумите и нивна рамнотежа
Во животот на човекот многу работи треба да се балансираат и бараат рамнотежа, како движењето, храната, дури и работата и семејството. Истото им е потребно и на вашите гуми! Ако гумата е неурамнотежена, тоа доведува до нерамномерно абење и почеста замена на истите.
Тркалата исто така можат да станат неусогласени, што едноставно значи дека не сакаат сите да одат во иста насока. Ова може да се случи поради секојдневно возење и истото се препорачува да се проверува на секои 10.000 км. Исто како неурамнотежените тркала и неусогласените тркала ќе ги потрошат побрзо вашите гуми.
Што можете да направите за да извлечете максимум од вашите гуми?
Возете полека и внимателно и почитувајте ги сообраќајните знаци. Полека вртете на кривините, имајте преглед кога возите и навреме запрете го вашето возило и не забрзувајте ако не сте сигурни во кој правец треба да се движите. Секогаш внимавајте на притисокот на вашите гуми. Бидете сигурни дека вашите тркала се балансирани и проверувајте ги на секои 10.000 км. Проверувајте ја и положбата на вашите тркала на секои 10.000 км. Ако постојано носите тежок товар во автомобилот, проверете дали тежината е распределена рамномерно, така што секоја гума носи скоро подеднаков удел.
Ако не сте сигурни за состојбата на вашите гуми или не можете точно да се сетите кога последен пат биле заменети, посетете не на https://kupigumi.mk/ovlasteni-servisi/ и контактирајте го нашиот тим или нашите соработници.