Компанијата Continental е основана во Хановер, Германија во 1871 година. Континентал е еден од водечките и светски добавувачи во автомобилската индустрија. Со повеќе од 178,000 врвно обучени вработени на преку 269 локации во дури 46 различни земји, тие значајно и одржливо го носат прогресот на автомобилската индустрија напред. Денес, Континентал е рангиран меѓу најдобрите 5 добавувачи на автомобили ширум светот. Како снабдувач на системи за сопирање, системи и компоненти за погонски единици и шасија, инструменти, инфо-забавни решенија, електроника на возила, гуми и технички еластомери, Континентал придонесува за зголемена безбедност при возење и глобална заштита на климата во светот.

Најважни карактеристики на нашите пневматици

PREMIUM CONTACT 6

Максимално и ефективно сопирање при влажни услови, во исто време со подобра километража, благодарение на безбедносната состојка – силика. Предноста која овозможува подолги возења неодамна беше дополнително зголемена со стапало оптимизирано за да даде уште поголема удобност.

SPORT CONTACT 6

Гума дизајнирана за спортски возила и возила со високи перформанси. Безбедност во секоја улица. Контрола со секоја брзина.

CONTIECO CONTACT 5

Гумата е развиена за возила со средна големина и за класа на компактни возила. Има оптимизиран отпор на тркалање за да се постигне помала потрошувачка на гориво. Висока безбедност при сопирање и кратко растојание за сопирање на влажни коловози.

WINTERCONTACT TS 860

Максимална безбедност во сите временски услови во зима, за компактни и возила со средна големина. Најискусниот германски експерт за зима.

ЗОШТО ДА КУПИТЕ CONTINENTAL ГУМИ ЗА СВОЈОТ АВТОМОБИЛ?

НЕ ПРИФАЌАМЕ НИШТО ПОМАЛКУ ОД СОВРШЕНОСТ


ПОВЕЌЕ ОД 140 ГОДИНИ ИНОВАЦИЈА И ЕФИКАСНОСТ

Од своето основање во 1871 година, Continental се погрижи нивните гуми да бидат безбедни на пат.
Највисок квалитет и внимание на деталите
Оптимизирана потрошувачка

ОРИГИНАЛНА ОПРЕМА

Continental автомобилските гуми доаѓаат како прва инсталација на повеќе премиум автомобили
Водечки светски снабдувач на оригинална опрема на гуми
Нема причина да не им верувате на производителите на автомобили, тие им веруваат на гумите на Continental

НЕЗАВИСНИ ТЕСТОВИ

Производите на Continental добиваат највисоки препораки за речиси 80% од сите тестови.
Continental е избран за врвен бренд за гуми од реномираните автомобилски списанија AutoBild и AutoZeitung